ИТ настан: Прв меѓународен Drupal Camp во Македонија

Administrator • 16 March 2015
0 comments
0 likes

Што е Drupal? И колку е добар како платформа за управување на содржини? Овие прашања ќе бидат одговорени на првиот меѓународен Drupal Camp кој ќе се одржи во Скопје, од 2 до 3 мај на Факултет за информатички науки и компјутерски инженеринг (ФИНКИ). На кампот, македонските инженери и ентузијасти ќе имаат единствена прилика да научат нешто повеќе за можностите кои ги нуди овој моќен систем за управување со содржина, како и да отворат соработка со колегите од целиот регион.

Дводневиот настан е организиран од Drupal Community Macedonia и фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, кои велат дека веќе постои критична маса за организирање на ваков настан. Во меѓувреме контакт на техничко ниво е воспоставен со програмерите од земјава кои веќе ја користат Drupal платформата и кои постепено почнаа да ја развиваат заедницата во Македонија.

На кампот ќе има интерсни содржини презентирани од локални и странски говорници. Презентациите ќе бидат за искусните програмери да се запознаат со Drupal, но ќе има и содржина за почетниците да се запознаат со програмирање и со основите на Drupal, кој е CMS платформа за менаџирање и објавуваењ на содржина.

Отворен е и повик за говорници. Сите заинтересирани што сакаат да одржат свое предавање или да презентираат сопствено Drupal решение, може да се пријават на следниот линк.