ИТ настан: На Drupal Meetup Октомври 2015 ќе се прославува за новата верзија

Administrator • 16 October 2015
0 comments
0 likes

Drupal Community Macedonia и тимот од Circle Web Foundry, кои се членови на српската Drupal заедница ги покануваат сите заинтересирани за дружба и прославување на излегувањето на Drupal 8 RC1.

Drupal е бесплатна платформа за менаџирање на содржина (CMS), која се користи од 2 отсто од сите веб сајтови на интернет. Бидејќи е платформа со отворен код има над 30.000 девелопери кои продонесуваат кон нејзиниот развој. Платформата наскоро ќе го добие својата осма верзија, иако во моментот таа треба да се тестира. Првиот Release Candidate е пуштен за сите девелопери да го испробаат, и е повод за настанот на локалната Drupal заедница. Тоа што е ново е што фокусот е ставен на „mobile friendly, mobile first“ стратегијата, односно теми кои се responsive за сите големи на екранот. Додадени се опции за повеќе јазици, усовршени се алатките и подобрени се перформансите. Повеќе за новата верзија ќе дознаете на настанот на 17-ти октомври во Fourplay Cafe во Скопје, со почеток во 19:00 часот.

 

Извор: it.mk