ИТ Настан: Запознајте ја македонската drupal-заедница

Administrator • 15 March 2017
0 comments
0 likes

Македонската drupal-заедница организира работилница на која сите заинтeресирани можат да се запознаат со Drupal. Станува збор за полуформален настан, па освен запознавање со технологијата може да се дружите и со другите членови на зедницата. Со ова македонската заедница се приклучува на Global Training деновите.

Работилницата е наменета за сите, без разлика на искуството и познавањето. Најважно е да имаат интерес за запознавање и имплементирање на Drupal. Претходно искуство со платформата не е неопходно.

Настанот се одржува во петок во просторите на Универзитет Американ Колеџ. Почнува во 17:00 и ќе трае до 20:00. Учеството е бесплатно, но сите заинтересирани треба да се регистрираат на Drupal.mk. Повеќе податоци за настанот на facebook-страницата.

Извор: it.mk